Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Денеска одбележуваме 5 години од ратификацијата на НАТО членството на Република Северна Македонија – историски момент што ја потврди нашата стратешка определба за придонес кон регионалната и глобална безбедност

Поранешниот Министер за внатрешни работи и пратеник на СДСМ Оливер Спасовски на социјалните мрежи:

Денеска одбележуваме 5 години од ратификацијата на НАТО членството на Република Северна Македонија – историски момент што ја потврди нашата стратешка определба за придонес кон регионалната и глобална безбедност, отворајќи пат за политички, економски и безбедносен развој.
Овој ден е потсетник за важноста на колективната одбрана и мултилатералната соработка, како и за вредностите на демократија, слобода и владеење на правото што ги споделуваме со НАТО сојузниците.
Особено ми претставува чест што овој значаен чин се случи за време на мојот мандат како претседател на Владата на Република Северна Македонија.
Благодарност до сите партнери што ја поддржаа нашата евроатлантска интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК