Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче е само континуитет на лошите политики на Заев за кои и самиот тврди дека ќе ги продолжи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче не само што не се огради и дистанцира од политиките на Заев туку тој самиот признава дека сака да биде како Заев. Венко Филипче е продолжена рака на Заев и континуитет во катастрофалните политики на Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Политиките на Филипче, како што додаваат, не се ништо друго освен како и до сега, како што и самиот тврди „Ние водевме добри политики“.

„За Филипче добри политики се политики хаосот во здравството што го направија, креирањето на криминалните шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до него.

Филипче ги смета за добри политики и практики тоа што ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар.

За Филипче добри политики се тоа што се договараа тендери во четири очи.

За Филипче добри политики се тоа што СДС дозволи корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството а криминалот енормно да се прошири.

За Филипче добри политики се тоа што СДС ги остави учениците без учебници студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производството“, нагласуваат од оваа партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче нема идеи, визија и стратегија за развој и унапредување на државата освен да ги копира лошите политиките на Заев кои го уништија животниот стандард на граѓаните./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК