15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Карибите, можна е појава на цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри.

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови. Не се знае дали е причинета некаква штета.

Ова е најголемиот земјотрес во регионот од 2021-ва година, кога земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот е на сила предупредување за цунами во Карипското Море и северно од Хондурас, додавајќи дека не се очекува цунами на американскиот брег на Атлантикот или на Заливот.

Тој систем издаде и предупредување за цунами за Порторико и Девствените Острови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +