Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Се шири скандалот со непотизам ДПМНЕ ја вдоми и сестрата на министерот Љутков

-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта, соопшти СДСМ.

„Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот.

Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.

Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски.

Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.

Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес.

Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ.

Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК