Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Родовите прашање се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно

Ние се соочуваме со многу стереотипи и предрасуди во општество, во држава, но и во поширок контекст во регионот, поради тоа што родовото прашање често се доведува до прашање на доминација. Тоа е погрешно и на тоа треба да се работи, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната партиска трибина по повод 25 годишнината од формирањето на Форумот на жени на СДСМ.

Во таа смисла, женското лидерство е клучно прашање, бидејќи со самото лидерство може да се смени перцепцијата за доминација, додаде тој.

Затоа СДСМ и посебно Форумот на жени има исклучително важна улога, потенцираше Филипче потенцирајќи ги реализираните политики и проекти во изминатиот период и највувајќи нови во духот на прогресивната социјалдемократија.

-СДСМ многу направи за да ја препознае вистинската улога на жената како лидер во општеството. Исполни голем број на ветувања, што значи признавање на улогата на жената во општеството и материјализирање. Ќе го издвојам Законот за абортус којшто го работевме со пратеничките во изминатите состави, којшто на прво место ја постави волјата на жената и што да прави со своето тело. Ќе ве потсетам како беше во минатото, решаваа за жената некои комисии. Вербата во идејата е важна и ние ќе продолжиме да ја унапредуваме и да ја имплементираме преку нови политики, заедно со Форумот на жени, во следниот период, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК