Centar.mk
РЕГИОН

100 дена од трагедијата во Нови Сад, студентите потворно на протест

Студентите од Србија денеска упатија повик до граѓаните низ целата земја да им се придружат на улиците во знак на поддршка за нивните барања, на стотиот ден од трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница загинаа 15 лица.

Во Белград е најавена блокада на најпрометниот мост „Газела“ од 11 до 18 часот, додека во Нови Сад, од 11 до 14 часот, ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот.

Протестите започнаа на 1 ноември, откако настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна, при што загинаа 15 лица. Студентите бараат одговорност, истакнувајќи дека трагедијата е резултат на корупција и неквалитетна работа.

Незадоволството брзо се прошири низ целата земја, а демонстрантите инсистираат на оставки и суштински промени. И по сто дена, студентите остануваат доследни во своите барања, нагласувајќи дека нема да престанат со протестите сè додека не се постигне правда за жртвите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +