9. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По 491 ден заробеништво, Хамас ослободи тројца Израелци во замена за 183 палестински затвореници

Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.

Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.

Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.

Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.

И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.

Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.

До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви./Makfax