Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

И во суд Игор Југ му се закануваше на Заев со убиство

Игор Југ од Куманово кој почина во затвор издржувајќи казна затвор за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните од 27 април 2017 година и во суд му се закануваше на екс премиерот Зоран Заев.

На едно од рочиштата додека сведочеше тогашниот премиер Заев, Југ во одговор изрзи закана по неговиот живот.

„Освен што нема коса, тоа лице што го опишувам нема храброст ни да пука”, му рече Заев на Југ на рочиштео од 2018 година.

„А дали ќе ми дадете прилика да ви докажам дека имам храброст да го направам тоа за кое велите дека не можам да го направам?“, му рече Југ на Заев, а потоа и судијката го опомени, констатирајќи дека тој се заканува со убиство.

Југ според искази на сведоци во критичната вечер на 27 април со себе носел пиштол и требало да пука во Заев.

Осуден беше на 12 години затвор, а одлежа осум години.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +