Centar.mk
СВЕТ

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.

Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.

Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД пред два дена поднесе тужба во име на родителите против „Тик ток“ и нејзината кинеска матична компанија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК