Centar.mk
РЕГИОН

Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“

Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.

„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.

Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.

Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.

Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +