2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски и неосновани дејствија против Америка и Израел“.

Наредбата забранува влез во Соединетите држави на лидери, вработени и агенти на Меѓународниот кривичен суд, како и членови на нивните потесни семејства. Регулативата, исто така, предвидува замрзнување на сите средства што ги поседуваат истите овие лица во Соединетите држави.

Американските републиканци, но и многу демократи, беа огорчени од издавањето налози за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого американскиот претседател го прими во вторникот, како и против поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.

Меѓународниот кривичен суд утврди дека има „разумни основи“ за сомневање за Нетанјаху и Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото за војната во Газа, која уследи по нападот на Хамас на израелска територија.

Бенјамин Нетанјаху одлуката ја нарече антисемитска, додека поранешниот американски претседател Џо Бајден налозите за апсење на Израелците ги нарече „безобразни“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

C +

Франција почна со достава на хуманитарна помош од воздух во Газа

C +

Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

C +