Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

Подгответе се за вечер исполнета со емоции, страствени мелодии и исклучителниот глас на една од најпознатите светските изведувачки на фадо. На својата долгоочекувана турнеја, Мариза на 5 април 2025 година ќе настапи во престижната сала на Македонската филхармонија, носејќи им ја на публиката магијата на португалската традиција и современиот звук. 

Овој уникатен концерт пружа прилика да уживате во виртуозен спој на музика, култура и сензибилитет кој што ги освојува срцата ширум светот. На пропуштајте прилика да бидете дел од оваа магична вечер која ветува незаборавно искуство. 

Влезниците се во продажба преку mktickets.mk. Обезбедете го своето место на време и бидете дел од оваа музичка приказна!

Концертот се реализира со поддршка на генералниот спонзор, телекомуникацискиот оператор МТЕЛ.  

 

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК