17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драстично покачени сметки за струја, објави СДСМ

Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно удри по стандардот на граѓаните! Со укинување на субвенциите за струјата, оваа власт ги остави домаќинствата на милост и немилост на енормно високите трошоци, соопшти СДСМ.

„Граѓаните низ целата држава се соочуваат со значително поголеми сметки за електрична енергија – во многу случаи, за 20% до 30% повисоки од претходните месеци. Само за јануари, голем број семејства добија сметки зголемени за 2.000 денари, достигнувајќи астрономски суми од 8.000 денари и нагоре, што е премногу.

Компаниите исто така алармираат дека цената на струјата им станува преголем товар.

Оваа ситуација е директна последица на неодговорните политики на Владата, која наместо да им помогне на граѓаните, само им го отежнува животот.

За разлика од оваа власт, во време на СДСМ електричната енергија беше субвенционирана, граѓаните добија евтина тарифа, а енергетската криза беше менаџирана без рестрикции. Денес, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ја плаќа народот од свој џеб.

Со ДПМНЕ животниот стандард на народот паѓа, сметките за храна, струја и парно растат.

СДСМ бара Владата веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да ги намали цените на струјата!“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +