Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дојави за експлозивни направи во 3 училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, информира Општина Центар.

Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.

Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава , во тек е полициска проверка.

Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита, се вели во соопштението на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК