Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјава, „Аптив“ заминува од Бунарџик

Странските инвеститори си одат од земјава, се губат работи места, велат од СДСМ.

Последните инфорамции говорат дека компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик.

Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција.

Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции.

Ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на Власта.

Наместо Владата да обезбеди услови за стабилност и раст на економијата, таа дозволува вакви удари врз економијата, работниците и нивните семејства.

Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година.

Ова не е случајност, туку директен резултат на неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со економските предизвици.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК