Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

САКАЛ ДА ЈА ИСЧИСТИ НИВАТА, ОСТАНАЛ БЕЗ АВТОМОБИЛ – 74-годишник со изгореници по пожар во Тетовско

На 20.10.2026 во 15:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Палатица-с.Озормиште, во нива покрај патот, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 74-годишник од с.Палатица. Од пожарот целосно е изгорено патничкото возило, како и површина со сува трева, а 74-годишникот при обид да го изгаси огнот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека 74-годишникот ја чистел нивата со палење на сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил возилото.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК