Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Во септември: Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка

Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,7%.

Кредитната активност бележи раст од 14,1% на годишна основа.Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2026/Soopstenie_za_monetarni_dvizenja_2026_septemvri_mk.pdf