12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Под притисок на јавноста и на СДСМ сменета е директорката на Козле, се потврди она што го говоревме

-Разрешувањето на в.д. директорката на Клиниката Козле е директен резултат на силниот притисок од јавноста, граѓаните, медиумите и политичкиот притисок на СДСМ, велат од партијата.

„Ова е доказ дека неспособноста, мобингот и злоупотребите на Клииката Козле за кои алармираше СДСМ се целосно потврдени иако власта со месеци ја штитеше.

На ДПМНЕ и на Таравари треба да им биде јасно дека нема да поминат незабележано и дека одговорност мора да има за хаосот во здравството.

Ја охрабруваме јавноста да остане будна и гласна, бидејќи секој компромис со здравствениот систем директно ги загрозува граѓаните.

Очекуваме новата директорката на Клиниката Козле веднаш да почне да ја санира штетата од погрешното менаџирање на сега веќе разрешената и да ја врати на работа докторката која после 27 години беше насилно избркана на улица.

СДСМ е на страна на граѓанире и на професионалците во здравството. СДСМ ќе продолжи да се бори против партизацијата и несоодветните кадровски решенија во здравството, затоа што здравјето на граѓаните е над партиските интереси на ДПМНЕ и нивните коалициски партнери.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +
error: Соддржината е заштитена.