Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна!

Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава. Ние денес треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 153 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК