Centar.mk
ЛОКАЛНО

Цената за паркирање во Гостивар се намалува од 40 денари на 25 денари

Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари.

-Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните.

Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 денари на 600, велат од општината.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +