Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова“, „Павел Шатев“, и зад Соборниот храм

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт“, „Павел Шатев“ (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје.

„Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“ (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска викендов да го соберат сметот од улиците на Центар кадешто имаат надлежност, да не се повтори глетката како од минатиот викенд. Мораме да ја одржуваме хигиената во општината на највисоко ниво, здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се најважни. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.

Општина Центар, изминатава недела почна голема акција за чистење на сметот низ улиците во Центар, откако Град Скопје потфрли.

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да работат на 25 мај

ДЕСК