Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Се појави нова снимка од судирот меѓу патничкиот авион и хеликоптерот над Вашингтон

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „блек хок“ на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ во средата вечерта, соопштија официјални лица.

Патнички авион се урна во реката Потомак, објавија медиумите.

Телата на загинатите се извлекуваат од реката. На социјалните мрежи се појави уште едно видео, на кое се гледа моментот на судирот. Како што може да се види, експлозијата по судирот создаде голема огнена топка на небото.

Властите пронајдоа најмалку 19 тела, изјави за „Си-би-ес њуз“ извор од органите за спроведување на законот запознаен со истрагата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп вели дека вложува „последни напори“ за договор со Иран, споменувајќи го рокот

C +

Зеленски: Не сме биле во подобра ситуација две и пол години, Русија е изолирана и сама

C +

САД ги додадоа Alibaba и BYD на листата компании поврзани со кинеската војска

C +