Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода крадци во Пробиштип

-На 28.01.2025 во 14.35 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи, соопшти МВР.

Исто така, тие се сомничат дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

ДЕСК

Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки – ја повикуваме стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес

ДЕСК

ЦАРИНАТА ПОКАЖА ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕТРЕСОТ ВО ПОЗНАТА СКОПСКА МОБИЛАРА: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица

ДЕСК