Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

8 000 денари за секое новороденче во општина Аеродром

Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8 000 денари.

Барање за парична помош можат да поднесат семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на Општина Аеродром.

Потребни документи за аплицирање:

1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) или
2. за посвоено дете: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) и фотокопија од примерок од Решение за посвојување/адoпција
3. На увид важечка лична карта или патна исправа од барателот.
5. Барање за доделување еднократна парична помош и Изјава за согласност за обработка на лични податоци можат да се подигнат во Општина Аеродром или да се симнат од веб-страницата на Општината на следниот линк

Барањето може да се поднесе во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот, а рокот за поднесување трае до 31. март 2026 година.

„Исто така, ве потсетуваме дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31. март 2025 година. Со помошта од 8 000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни трошоците на родителите, а грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети“, велат од општината./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК