Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, сите нивни лаги за Филипче се разобличени

СДСМ продолжува да ја информира јавноста за вистината во врска со лажните обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи ги пласираа за случајот со Клиниката за онкологија, велат од партијата.

„Документите кои вчера беа презентирани јасно покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле согласно законските процедури, а шестмесечните извештаи од Клиниката за онкологија биле редовно подготвувани.

Обвинувањата на Мизрахи кон Филипче дека е одговорен за тоа дека „никогаш не биле формирани стручни комисии“ и дека „недостасувале шестмесечни извештаи“ не се само неточни, туку и намерни обиди за манипулирање со јавноста.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи. Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

СДСМ ја повикува Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ на јавно извинување за пласирањето на лажни и неосновани обвинувања. Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.

Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, а сите политички манипулации кои ја загрозуваат довербата во здравството мора да бидат разобличени.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и истрага за овој случај.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК