Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

-Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање.

Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК