Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа дека починатото лице било вакцинирано со две дози против Ковид-19, последната пред повеќе од три години.

Кај лицето се регистрирани коморбидитети, а е починато во болнички услови.

Инаку, според последниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 20 до 26 јануари тестирани се вкупно 341 материјал на Ковид – 20,5 проценти повеќе во однос на минатата недела.

Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела. Позитивното лице во тековната недела е од Струга.

Од почетокот на годината регистрирани се вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари 2025 година е 2,3 пати поголем во однос на декември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +