Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

На 26.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје. Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци, соопшти МВР.

При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК