15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јордан и Египет би можеле да прифатат повеќе Палестинци од Газа, изјави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.

На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на Палестинците во тие земји, Трамп одговори дека „може да биде и едното и другото“.

Минатата година, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, Вашингтон рече дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +