Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за ставање крај на војната.

„Тој е подготвен да преговара за договор“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Тој е некој кој изгубил многу војници, како и Русија.

Американскиот претседател ja најави можноста за средба со рускиот лидер Владимир Путин, кој, како што рече, веќе изразил желба за таква средба.

Тој додаде дека Кина има „голема моќ над Русија“.

Тврдењата на Трамп дојдоа еден ден откако тој ја повика Русија да постигне решение за завршување на војната и се закани дека ќе воведе даноци, тарифи и санкции доколку не се постигне договор. Кремљ објави дека Русија внимателно ја следи реториката на Вашингтон и останува подготвена за дијалог меѓу Трамп и Путин, како и во првиот мандат на Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК