Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Имам намера да се сретнам со Ким Џонг Ун, тој е паметен човек

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Да, сакам“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна три пати за време на неговиот прв претседателски мандат.

Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претхоно им се заблагодарил на војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина и ги охрабрил во текст што се чини дека е негова новогодишна порака до војниците, се вели во извештајот на Вашингтон пост.

„Вашингтон пост“ објави извештај за рачно напишани пораки испратени од Ким Џонг Ун на 31 декември и 1 јануари, во кој се сугерира дека пораките можеби биле испратени до војниците кои се борат на страната на Русија од Пјонгјанг , објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег падна во Саудиска Арабија: зимска магија во пустината

C +

Грушко: Русија нема да прави компромиси во врска со НАТО во Украина

C +

Путин: Досега, Киев не покажа подготвеност за територијални отстапки и мир

C +