Centar.mk
СВЕТ

Eвропскиот суд пресуди дека Французинка не е виновна затоа што одбивала интимни односи со сопругот

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на Французинка, чиј сопруг доби развод врз основа на тоа што ја обвини сопругата дека одбила да има сексуални односи со него, објавија денеска медиумите.

Како што пресуди судот во Стразбур, жената што одбивала да има интимни односи со својот сопруг не треба да се смета за виновна на суд во случај на развод, објави „Гардијан“.

ЕСЧП пресуди против Франција за одлуката да се одобри развод поради наведената причина.

Европскиот суд за човекови права едногласно заклучи дека правата на 69-годишната жена, чие име не беше наведено, се повредени според Европската конвенција за човекови права./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +