10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Најактивниот вулкан на светот повторно еруптира

Килауеа, најактивниот вулкан во светот, повторно еруптира почнувајќи го својот петти циклус на ерупција од почетокот на ерупцијата на 23 декември.

Вулканска активност е забележана околу 15 часот по локално време во националниот парк на вулканите на Хаваи, јавува „Еј-би-си њуз“.

Американскиот геолошки институт (УСГС), кој ја следи вулканската активност во САД, соопшти дека активноста на Килауеа го означила почетокот на новата фаза од ерупцијата, со појавата на мали фонтани од лава.

Претходно, беа забележани слаби, повремени ерупции на лава, но дури подоцна се случи значително излевање, според УСГС.

УСГС предупреди на значајни опасности, вклучително и пукање на земјата и паѓање камења.

Овие опасности може да се влошат со земјотреси, кои би можеле да ги загрозат луѓето што го посетуваат националниот парк./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Аналитичарите за сценариото за поделба: Русија го добива срцето на Украина, Западот ги таргетира Лавов и Закарпатија

C +

Израел првпат повика на евакуација на сите жители на Газа

C +

Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

C +