Centar.mk
СВЕТ

Подморницата со која превезувале дрога пукнала на половина: шпанската полиција во акција

Шпанската полиција пронашла подморница што ја користеле дилери за транспорт на дрога, што е трет таков случај во последните години, јавуваат шпанските медиуми.

Овој пат подморницата, која беше пронајдена во близина на брегот на регионот Галиција, се преполовила при операцијата за нејзино влечење до пристаништето Камаринас, пренесува Cadenaser.

Едната половина е потоната, а нуркачките тимови се обидуваат да ја извлечат за да може агентите да ја испитаат.

Слична подморница беше пронајдена во 2019 година со товар од 3.000 килограми кокаин.

Во 2023 година во Шпанија беше откриена уште една подморница на дилер на дрога, но на бродот немаше дрога./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +