Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со минимални температури до -1

Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК