28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид, Сиљановска му подари рачно изработена резба

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридското Езеро, по повод денешниот празник Водици.

Мартин го фати светиот крст и пред три години.

Чинот на осветувањето на водата го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан, а присутна беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која му врачи рачно изработена резба на Мартин Гоџо.

„Стотици верници, поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, учествуваа во овој свет чин. Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост. Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!“, порача Давкова.

Претседателката претходно упати и честитка по повод празникот, во која напиша дека овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК