Centar.mk
СВЕТ

Кинескиот потпретседател пристигнува на инаугурацијата на Трамп

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, објавија кинеските државни новински агенции, додека Пекинг изрази подготвеност да ги подобри односите со новата американска администрација.

Хан доаѓа на покана на американската страна, објави кинеската национална телевизија.

„Подготвени сме да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата со новата американска влада, правилно да управуваме со разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка и заеднички да промовираме стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи“, соопшти кинеската централна телевизија (CCTV).

„Кина отсекогаш гледала и ги развивала кинеско-американските односи во согласност со принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни.

Кина е подготвена да „најде правилен начин Кина и Соединетите Држави да се сложуваат во новата ера“, соопшти CCTV.

Трамп на 6 јануари рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг комуницираат преку претставници, изразувајќи оптимизам за нивната врска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бахреин ги осуди иранските напади

C +

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

C +

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

C +