Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје, три лица пријавиле каснување од кучиња скитници во градот.

Вчера, во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 51-годишната К.Д. од Скопје пријавила дека на улица „Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 42-годишниот И.Р. од Скопје пријавил дека на улицата „1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Аеродром, 27-годишната А.Н. од село Долно Лисиче, скопско, пријавила дека на булевар „12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +