Centar.mk
СВЕТ

СЗО: Осум лица починаа по појавата на вирусот марбург во Танзанија

Осум лица починаа од епидемија предизвикана од вирусот марбург во северозападниот регион Кагера во Танзанија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека ги информирала земјите членки, преку својата информативна веб-страница (EIS), за појавата на вирусот марбург во регионот Кагера во Танзанија и дека ризикот од понатамошно ширење на смртоносната болест во земјата и регионот е висок.

„На 10 јануари СЗО доби веродостојни извештаи од извори во земјата за сомнителни случаи на марбург-вирусот во регионот Кагера во Обединетата Република Танзанија. Од 11 јануари 2025 година пријавени се девет осомничени случаи, вклучително и осум смртни случаи во две области – Бихарамуло и Мулеба“, се вели во соопштението на СЗО.

СЗО објави дека добила сигурни извештаи за сомнителни случаи на марбург-вирусот во провинцијата Кагери во Танзанија на 10 јануари, со симптоми на главоболка, треска, болки во грбот, дијареја, повраќање крв, мускулна слабост и на крајот надворешно крвавење./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК