15. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе ја преземе функцијата следната недела. Тој не даде распоред за средбата, која ќе биде прва меѓу лидерите на двете земји од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.

Запрашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп изјави за Newsmax: „Па, има само една стратегија и тоа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу воодушевен од начинот на кој сето тоа помина бидејќи ни него не му одеше толку добро“.

„Знам дека сака да се сретнеме, и јас ќе се сретнам со него многу наскоро. Ќе го направев тоа порано, но… прво морам да влезам во канцеларија. Мора да бидете таму за некои работи“.

Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во „наредните денови и недели“.

Руската инвазија на Украина остави десетици илјади мртви, милиони раселени и ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година./Извор:Makfax