Centar.mk
СВЕТ

Инспекторите истражуваат дали пожарот во Итон, Лос Анџелес бил предизвикан од далновод

Инспекторите се сомневаат дека пожарот во Итон, округот Лос Анџелес, можеби започнал на далновод и ја истражуваат можноста, објави Лос Анџелес Тајмс.

Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и пристапот е дозволен само на истражителите.

Компанијата Едисон вчера рече дека проверката на електричните кола и електричните водови во областа Итон покажала дека е малку веројатно електричната опрема да го предизвикала пожарот, објави Си-Ен-Ен.

Бројот на загинати во шумските пожари во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици луѓе се водат како исчезнати.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Г. Луна, рече дека неговата канцеларија примила „десетици и десетици“ пријави за исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +