Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“.

Кривичниот суд денес ја објави пресудата, при што двајцата бегалци од правдата, кои не беа екстрадирани од Грција, добија казни за злоупотреба на службената положба и за фалсификување исправа.

Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, а поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби ослободителна пресуда. Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.

„Тврдина“ беше дел од предметот на СЈО, „Таргет – Тврдина“. По застарување на гонењето за „Таргет“ за масовното прислушување, при што обвинет беше ексшефот на УБК, Сашо Мијалов, судењето продолжи за петтемина обвинети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК

ВООРУЖЕН ИНЦИДЕНТ ВО КИЧЕВСКО – 72-годишник пијан пукал со пушка од својата куќа, интервенирала полицијата

ДЕСК

НЕВЕРОЈАТНИ 3,05 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА – Возач во Охрид учествувал во сообраќајка, полицијата му го одзела автомобилот

ДЕСК