25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четворица скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно девојче

Четири лица пријавиле каснување од кучиња скитници во полициските станици во Скопје, во текот на вчерашниот ден.

Во Полициската станица Карпош, 58-годишниот З.И. од Скопје пријавил дека на булевар „Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во 18.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 62-годишната З.С. од Скопје пријавила дека на улицата „Лепенец“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, 59-годишниот В.И. од Скопје пријавил дека на булеварот „АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во 15.40 часот во Полициската станица Гази Баба, 44-годишната А.К. од Скопје пријавила дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Додека го паркирал опелот, истиот се запалил – детали за настанот во Битола

ДЕСК

Ужас во Гази Баба: Малолетник нападнал малолетно девојче со тврд предмет

ДЕСК