Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

По завршувањето на божествената литургија, претседателката Сиљановска-Давкова во разговор со верниците го упати традиционалниот поздрав „Христос се роди, навистина се роди!“, споделувајќи празнични желби за мир, радост и благосостојба во секој дом.

„Се надевам дека, како што архиепископот неколкупати напомена, ѕвездата од Витлеем нè води и дека најдоброто во нас ќе го разбуди овој ден. Посакувам вечен да е!“, порача претседателката Сиљановска-Давкова во изјавата во Соборниот храм.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК