Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Честит и вековит Божиќ, човечноста нека биде нашата водилка

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Рождество Христово, Божик.

Герасимовски, порачува дека најсветлиот христијански празник, Божиќ носи здравје, мир, љубов, но и надеж, за заедништво, за споделување и за меѓусебно помагање.

„Човечноста нека биде нашата водилка во секојдневието. Нека овој Божиќ донесе радост и мир во домот, а љубовта и добрината подобро утре. На сите граѓани им посакувам здравје, среќа и мир, нека празничната атмосфера донесе топлина и благосостојба. Христос се роди, нека е честит и вековит Божиќ!“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК