Centar.mk
РЕГИОН

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, покажал дека тој не бил позитивен на психоактивни супстанци и дека имал алкохол во крвта, пренесува Вијести.

„Добив информација дека анализата на крвта на убиецот Ацо Мартиновиќ покажала 0,40 грама на килограм, анализата на урината 0,40 грама на килограм и тој не бил позитивен на психоактивни супстанци. Тоа значи дека бил во помалку алкохолизирана состојба“, рече тој.

Тој рече и дека е можно да имал повеќе промили во крвта отколку што е на крајот покажано, со оглед на времето што поминало од првото до последното убиство и обдукцијата.

Тој додаде дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата, за кои потврди дека се извршени за околу 30 минути.

„Мотивот се утврдува. Тој ги одзел животите на своите најблиски пријатели, членови на семејството, изразил бруталност и агресивност кон децата“, рече Шќепановиќ.

Тој додаде дека разговарал со членовите на семејството на повредените и со полицајците кои го познавале, а ги прочитал и изјавите на сведоците кои добро го познавале Мартиновиќ.

„Не можам точно да кажам каде да барам мотив“, рече тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК