Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка утрово измерени -11 степени

Утрово најниска температура во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР.

Следат Берово со -7 степени, -6 Крива Паланка, Штип, Демир Капија, -5 Кавадарци, Маврови Анови, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крушево, -3 Струмица, Тетово, Прилеп, Виница, -3 Велес, -1 Претор, 2 Охрид и 3 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 52 см на Попова Шапка и 44 см во Маврови Анови.

Утрото е студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +