Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Убиени 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца, лекарите се борат за животи на четворица

Во масовното злосторство во Цетиње убиени се 12 лица, меѓу кои две деца, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица лица од Цетиње, пренесоа црногорските медиуми.

Во злосторството биле убиени седум мажи, три жени и две деца.

Сите полициски единици, како и припадниците на специјалната полициска единица, со часови трагаа по осомничениот Ацо Мартиновиќ, кој почина неколку минути пред полноќ, откако си пукал во главата кога, како што потврди в.д. директорот на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ, полицијата го опколила во близина на семејната куќа во населбата Хумци.

Тој починал на пат кон Клиничкиот центар во Подгорица.

Убиецот почнал да пука во кафулето по претходна вербална пресметка. Таму убил четворица мажи, меѓу кои и сопственикот на ресторанот. Убивал на две други локации. Меѓу убиените има и членови на неговото семејство.

Четири лица се ранети.

Црна Гора ќе прогласи тридневна жалост./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Полицијата приведува и протерува странски државјани, запален бар во турска сопственост

C +

ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ: Владата на Црна Гора донесе одлука за укинување на безвизниот режим за турските граѓани

ДЕСК

ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД СЛОВЕНИЈА: “Паднаа” двајца словенски министри по брутално убиство пред клуб

ДЕСК