Centar.mk
РЕГИОН

Убиецот од Цетиње си пукал во главата, починал на пат кон Клиничкиот центар

Црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека при транспортот до Клиничкиот центар на Црна Гора починал осомничениот за повеќекратно убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, објави РТЦГ.

Тој рече дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена.

Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но не умрел на лице место.

В.д. директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека Мартиновиќ се наоѓал во населбата Хумци и дека починал од повреди на главата.

Тој рече дека не е познат мотивот за убиството, а жртвите се негови пријатели и кумови.

Шќепановиќ рече дека со резерва треба да се земе информацијата дека во Цетиње имало 12 жртви и да не се лицитира со бројот на жртвите.

Тој рече дека од семејството на осомничениот убиец добиле информација дека Мартиновиќ бил социјално девијантно лице./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +

Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина

C +