Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За да останат повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ја поддржувале ДУИ во криминалите

-Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.

Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.

Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.

Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.

Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.

Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!“, се вели во соопштението на владејачката партија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК